ЦИВИЛ: Партиите заглавија во „минус“ со кампањата за претседателските избори

Од:

На страницата на Цивил, објавени се извештаи за тоа колку потрошиле партиите. Почнаа да се објавуваат финалните извештаи за тоа колку потрошиле претседателските кандидати за изборната кампања.

Досега до Државната комисија за спречување на корупцијата пристигнати се два финални извештаи – едниот од кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски, а другиот од Илјаз Халими од ДПА. Според извештаите, единствен донатор за изборната кампања на Халими е ТВ Коха со 200.000 денари, односно 3.250 евра.

Само за реклама и пропаганда, Халими потрошил 5.271 евра и уште 3 илјади евра за изнајмување простор и опрема.

10379113_10203940579570068_2074827633_n

Според презентираниот финансиски извештај, ДПА е во минус од околу 5 илјади евра, пари кои најверојатно ќе бидат покриени од партите од буџетот што им следуваат на претседателските кандидати. Според финалниот финансиски извештај на кандидатот од ГРОМ, за изборната кампања на Поповски донирале вкупно 37 лица – некои од нив дале и по илјада евра за кампањата.

10342585_10203940581050105_534703736_n

На тој начин се собрале 13.512 евра. Само за реклама и за пропаганда, кандидатот на ГРОМ потрошил повеќе од 100.000 евра, па така, според финансискиот извештај, партијата е во минус од околу 92.000 евра.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сѐ уште ги немаат поднесено финалните финансиски извештаи до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Државната изборна комисија. Според она што може да се види од досега поднесените извештаи, ВМРО-ДПМНЕ е во „минус“ од над 280.000 евра за претседателските избори, а СДСМ е во „плус“ од околу 8 илјади евра.

Најмногу лица донирале за кампањата на Иванов – дури 1.636. Она што најмногу паѓа в очи од досега објавените бројки, е тоа што ниту едно физичко лице и ниту една фирма не донирала за владејачката партија за предвремените парламентарни избори. Сите средства, барем од она што досега може да се види од сѐ уште неофицијалните извештаи, е дека околу еден милион евра за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ биле собрани само од членарини. Ако се земе предвид дека месечна членарина во ВМРО-ДПМНЕ е 100 денари (што значи 20 евра на годишно ниво), произлегува дека околу 50.000 членови на партијата ја дале својата годишна членарина пред изборите, а голем дел од нив дале и посебни донации за претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата