Американскиот кросовер бенд „Dog eat dog“, утре ќе одржи концерт во МКЦ во Скопје.
По 19 години, групата доаѓа во Скопје во рамки на европската турнеја организирана по повод 20 годишнината од објавувањето на првиот, легендарен албум на групата, насловен „All Boro Kings“.
Домашната публика го памети одличниот, прв и до сега единствен настап на Dog eat dog кај нас, кој се одржа во 1995.
година во рамки на „Т Фестивал“ во Скопје. Речиси 19 години подоцна, овој енергичен состав повторно доаѓа во Скопје и тоа со свој самостоен концерт. Концертот на Dog eat dog утре ќе се одржи со почеток во 21:00 часот, а влезот за посетителите во МКЦ ќе биде отворен во 20:00 часот.
Како предгрупа гостува и TV Rage, македонскиот рок’ен’рол бенд кој го претставува „нојз-панк“ звукот на младата и плодна кумановска сцена, кој ќе го претстави и материјалот од своето ЕП издание од 2013 година, насловено „Riot from the ground“.