Мајка на млада жена која била отпуштена од работа во администрацијата на северната шпанска провинција Леон, смртно ја застрела шефицата на регионалниот Влада и на локалниот огранок на владејачката Народна партија (ПП), Изабел Караско.
Како што јавија шпанските медиуми, 55-годишната Марија Монесерат Гонзалес Фернадез била уапсена под обвинение за убиство. Задено со неа, полицијата ја привела и нејзината 35-годишна ќерка Монсерсат Тријана Мартинес Гонзалес.
Фернадез го признала убиството, нагласувајќи дека го планирала веќе две години.
Мартинес Гонзалес била вработена во регионалната Влада на Леон на определно време и по истекот на договорот за работа во 2011 година, била отпуштена и на нејзиното место било ангажирано друго лице.
Откако останла без работа регионалните власти дополнително побарале од неа да врати 12.000 евра, кои наводно по грешка и биле исплатени на име плата.
Случајот добил судска завршница, откако минатата недела Судит пресудил дека Мартинес Гонзалес мора да ги врати парите.
Ваквата судска одлука и речиси тригодиниот стрес по отказот на нејзината ќерка, ја „прелеал чашата“ кај Фернандез и таа со пиштол ја застрелала Караско.
Во врска со убиството е приведен и еден локален полицаец кој се товари дека и го обезбедил пиштолот на Фернандез.