ЈП „Водовод и канализација“ ги отпишува каматите за задоцнето плаќање

Од:

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје им дава можност на граѓаните во следните 45 дена да ги платат своите заостанати долгови, редовни и тужени, без камата. Плаќањето може да се изврши на благајната во претпријатието, во целост или со склучување договор на рати.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје Бојан Василевски.

– Договорите на рати се склучуваат на нотар, а нотарските трошоци се на товар на претпријатието, појасни Василевски.

Тој информира дека ќе им овозможат на сите бесправно приклучени корисници на водоводниот систем да можат бесплатно да се евидентираат или да се легализираат дивите приклучоци. Периодот за легализирање на дивите приклучоци е 45 дена или до крајот на јуни.

– Граѓаните ќе треба да приложат документ за сопственост или некоја друга сметка која ја плаќаат и да поднесат барање до претпријатието, рече Василевски. Досега граѓаните за оваа услуга плаќаа 7.080 денари.

Според Василевски, најмногу бесправно приклучени корисници има во руралните делови, во населбите во околината на Скопје, како Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари…

Овие одлуки, како што рече, се во насока на подобрување на услугите кон граѓаните и подобрување на наплатата. Претпријатеото ги донело овие одлуки на последната седница на Управниот одбор.

Васиелевски апелираше водата да се користи рационално и да се плаќаат сметките на време.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“