Македонските кино сали во текот на минатата година ги посетиле за 42,5 проценти повеќе посеители во споредба со претходната година. Раст од 184,4 проценти бележи и бројот на прикажани филмски претстави.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија има 12 кина со вкупен капацитет од 5.973 седишта во кои работат 98 лица.
Најмногу од кината, четири се во Скопје од кои по две во Центар и Карпош, а по едно кино има во Охрид, Струга, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Битола, Куманово и Крива Паланка.