Прва победа за футсал репрезентацијата на Македонија против хрватската репрезентација

Од:

Футсал репрезентацијата на Македонија со победата од 4:1 им се реваншира на хрватските фудбалери за поразот на првиот кнтролен дуел од пред два дена.

За македонската футсал репрезентација ова беше првата победа по седум натпревари против Хрватите.

Зоран Левевски и Адријан Мицевски постигнаа по два гола за составот на Македонија. Селекторот Васко Скендеровски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа во составот.

– Потврдивме дека со храбра игра можеме да се надигруваме и со најсилните европски репрезентации. Играчите беа мотивирани да се борат за победа откако добрата игра не ја крунисавме со позитивен резултат на првиот натпревар. Се боревме и против традицијата, победата е прва за нас против седмиот најсилен европски состав по седум натпревари. Тоа посебно не радува и ни дава дополнителна мотивација за следните силни пресметки. Овој состав може да се бори за големи резултати, треба да веруваме во тоа и да им ја дадеме поддршката.

На првиот натпревар во Муртер, Хрватска славеше со 4:3. Двете пресметки беа дел од подготовките на Македонија за квалификациите за Европското првенство во Србија.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска