Дебарчанец силувал немоќно лице

Од:

Поради основано сомнение дека извршил насилна обљуба врз немоќно лице, дебарската полиција го уапси Б.Д. (65) од Дебар. На упасениот му е поднесена кривична пријава, а Гостиварскиот суд кој е надлежен за вакви и други тешки кривични дела му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Сега притворениот Б.Д. на 12 мај на една од дебарските улици го пресретнал немоќното лице И.Ш. (21) и насилно го внел во својот автомобил. Потоа го однел во напуштена куќа во периферијата на градот каде извршил обљуба, односно насилен сексуален однос. Со закана да не пријавува во полиција го оставил момчето на местото на настанот и со автомобилот се вратил во градот.

– Од извршени лекарски прегледи во Дебар и во Гостивар, беше утврдено дека врз момчето е извршен насилен сексуален акт, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Според него, за насилоното внесување на момчето во автомобилот од страна на Б.Д. телефонски во полициската станица пријавил случаен минувач. 

Би можело да ве интересира

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Американка e уапсена во Солун: Силувала момче од Грција додека тој бил пијан

Полициски службеник осомничен за обљуба со злоупотреба на положбата

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување

OJO: Маж од Тетово грабнал жена и ја силувал

Горан Наумовски

Малолетничка од Скопје била грабната и силувана од познаник