Турција нема да му плати 123 милиони долари отштета на Кипар

Од:

Турција вчера соопшти дека нема да му плати 123 милиони долари отшета на Кипар, што и беше наложено од Европскиот суд за човекови права поради инвазијата во 1974 година врз медитеранскиот остров, кој отогаш е поделен меѓу турската и грчката заедница.

Анкара ја отфрли вчерашната пресуда на Судот. Шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу пресудата ја нарече неправедна и истакна дека со неа Турција е единствениот виновник за поделбата на Кипар.

Тој додаде дека одлуката на Европскиот суд не е задолжителна, бидејќи Турција правно не ја признава кипарската Влада.

– Веруваме дека одлуката претставува најголем удар врз процесот за пронаоѓање сеопфатно решение. Ова одлука не ја сметаме за обврзувачка поради основите на кои се темели, методологијата и фактот дека ја зема предвид земјата, која Турција не ја признава. Сметаме дека не е неопходно да ја извршиме оваа уплата, изјави Давутоглу.

Турција во 1974 година изврши инвазија на Кипар, по државниот удар на приврзаниците за обединување со Грција и островот оттогаш е поделен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски