Кери најави поддршка за решавање на поделбата на Кипар

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера се сретна со кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Кацулидис и изјави дека САД ќе дадат поддршка за постигнување на договор за обединување на овој поделен остров.

Посетата на Кацулидис на Вашингтон доаѓа во пресрет на најавеното патување на американскиот потпретседател Џо Бајден на Кипар, каде во тек се преговори меѓу грчката и турската страна.

– Сакаме да бидеме од помош. Возбудливи работи се случуваат и ние ги почитуваме напорите на Кипар да работи на повеќе фронтови, изјави Кери, најавувајќи дека и тој ќе ги посети Кипар и можеби и Атина во следните недели или месеци.

Кацулидис му се заблагодари на Кери за интересот на САД за решавање на ова отворено прашање, кое го попречува приемот на северен Кипар и преговорите на Турција за влез во Европската Унија, а воедно ги блокира и плановите на кипарските Грци да ги користат резервите на нафта и гас кои се претпоставува дека се наоѓаат во морето јужно од нивниот дел на островот.

Џен Псаки, портпарол на Стејт департментот, по средбата на Кери и Кацулидис изјави дека САД ќе ги поддржуваат напорите на Обединетите нации кои ги водат преговорите, и дека решението го гледаат како обединет остров во федерација со две зони и две ентички заедници.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа