Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „И строфите растат“ од Александар Кујунџиски, добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2013 година.
За наградената книга ќе зборува проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а делови од книгата на Кујунџиски ќе интерпретира актерот Томе Витанов.