Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган потврди дека е започната спасувачка операција во рудникот за јаглен, каде се блокирани неколку стотици рудари.
– Се надевам дека во следните часови ќе имаме појасна информација, истакна Ердоган.
Се претпоставува дека во рудникот се блокирани меѓу 200 и 300 рудари, а според последните информации на властите при експлозијата загинале пет лица. По експлозијата, предизвикана од куса врска, избувнал и пожар.
Рудникот за јаглен се наоѓа во реонот на градот Сома, во западниот турски округ Маниса, на околу 250 километри јужно од Истанбул.