Влатко Стефановски го претстави албумот „Сеир“ во Белград

Од:

Новиот албум на Влатко Стефановски „Сеир“ во издание на „Југотон“ денеска беше промоворан во Арт-кафе во Сава-центарот во Белград. Албумот е кантавторски зашто Стефановски сам свири на повеќето инструменти.

Како што пренесе Танјуг, на прес-конференција во Белград Стефановски направи одлична атмосфера, свирејќи неколку песни од албумот. Рече дека албумот е разнороден, но дека неговиот авторски ракопис може да се препознае во секоја од песните.

– Албумот е осмислен и работен за да трае, истакна Стефановски и додаде дека „Сеир“ не е модерно продуциран, туку се е изведено во живо. Бил создаван 10 години, а четири години траело снимањето.

Целта на новиот албум, рече Стефановски, е потсетување за луѓето малку да подзапрат. – Денеска сите се премногу амбициозни, сите итаат и брзаат, пребрзо возат, тежнеат кон некакви успеси, а забораваат на она што е навистина важно и на вредностите што го прават животот, а тоа се семејството, пријателите…, рече Стефановски.

Според него, претходниот албум, „Кула од карти“, бил повеќе психоаналитички што, како што рече, луѓето не сакаат многу, туку им е подрага забавата, а „Сеир“ е токму таков.

Потсети дека повеќе не свири со групата „Леб и сол“ и дека е се поинаку откако членовите се разделија и работат сами, зашто на овој начин критиката е упатена директно кон еден човек, но и сите пофалби.

– Ако се случи гаф, секогаш можеш да се скриеш зад басистот, а кога си сам, тоа е невозможно, рече познатиот музичар. Додаде дека не му е проблем ако прочита критика, бидејќи веќе му се има случено некои албуми да поминат полошо, а некои подобро.

Стефановски, како што пренесе Танјуг, е задоволен од реакциите на публиката во Македонија и во Хрватска, каде албумот е веќе претставен, и се надева на добар прием кај српската публика.

Објасни дека изразот „сеир“ е балканска дисциплина на пасивно гледање на животот, но не во негативен контекст. Како пример наведе група граѓани кои седат пред продавница во неговото соседство секој ден со години и кои, како што рече, го имаат тој пасивен, но интересен однос кон светот околу себе.

– Се на албумот е едноставно и јасно, заклучи Стефановски, кој планира концерт во Белград, но се уште не знае кога.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ