Премиерот Груевски ги посети повредените од несреќата кај Сарамзалино

Од:

Премиерот Никола Груевски попладнево ги посети повредените лица од железничката несреќа на патот Штип-Велес, кај Сарамзалино, кои беа хоспитализирани на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорите на клиниките за ТОАРУ (трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар и на Клиниката за неврохирургија Реџеп Селмани и Александар Чапаровски го информираа премиерот дека повредените се во стабилна состојба.

Од хоспитализираните 10 лица на клиниките во Скопје, по укажаната помош, тројца се пуштени на домашно лекување. – Тројца се примени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а од нив една пациентка е на респиратор, со контузии на белите дробови, со посериозна, но во секој случај стабилна состојба и вон животна опасност, изјави директорот Селмани.

На Клиниката за трауматологија, додаде, се лекуваат тројца од повредените, а на еден му е извршена успешна хируршка интервенција и е во стабилна здравствена состојба. Еден пациент кој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија, според директорот Чапаровски, е во стабилна состојба.

– Пациентот на неврохирургија е во стабилна состојба, има скршеници на базата на черепот, свесен е и контактибилен, следиме се што треба и е во добра состојба, изјави Чапаровски.

Повредените од несреќата ги посети и министерот за здравство Никола Тодоров, кој претходно со министерот за транспорт Миле Јанакиески, беа на местото на несреќата, како и кај другите повредени кои се на лекување во болниците во Штип и во Велес.

Несреќата се случи изутрината по 7 часот меѓу шинобус-воз и автобус на „Струмица експрес“ во близина на бензинската „Мики петрол“ на патот Штип-Велес.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски