Нертил Первизи (40) од струшкото село Делогожда е дел од мрежата за пренесување луѓе во САД што синоќа ја разби албанската полиција.
Первизи е меѓу петнаесетте упасени лица, главно од околината на северниот град Скадар и од Тирана, кои наплаќале од 20 до 24 илјади долари по човек за префрлување во Мексико. Потоа за нив подготвувале фалсификат документи за да влезат во САД.
Апсењата се извршени во соработка со американските власти.
Според созанијата, групата само лани во САД префрлила најмалку 50 Албанци, меѓу нив и од Македонија преку две релации, Албанија – Италија – Шпанија – Мексико – САД и Албанија – Бугарија – Мексико – САД.