Рафаел Надал може да се врати порано од предвидените два месеци отсуство поради медицински причини, прогнозира лекарот на шпанската тениска федерација. Поранешниот број 1 во светот се повлече привремено поради делумно кинење лигаменти на левото колено.
“Целосно веќе ја отфрливме можноста за операција. Ќе подлегнам на физичка и хидротерапија, како и на постапките со ласер и ќе ги следиме внимателно резултатите. Доколку има подобрување за еден месец тој ќе се врати на теренот и ќе ги обнови тренинзите”, изјави доктор Анхел Руис.
Пред три дена самиот тенисер тажно објави на Фејсбук и Твитер: Ја прескокнав Олимпијадата и УС Опен – два од најважните турнири. Навистина многу сакам да се вратам на теренот, да се натпреварувам, да се насладувам на тенисот, но имам уште многу години пред себе, а моето колено има потреба од одмор. Ќе почнам да играм, кога болката ќе исчезне. Се чувствувам подобро по консултациите со лекарите и сум задоволен дека работите се подобруваат постепено”, напиша Надал.