Македонската футсал репрезентација загуби од Хрватска со 4:3 на првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции одигран во приморското гратче Водице.
Стрелци на головите за Македонија беа Ранготов, Мицевски и Левески.
Според селекторот Васко Скендеровски, нашата селекција одиграла еден од најдобрите натпревари во последните неколку години.
– Одигравме одличен натпревар, навистина штета што и резултатски сето тоа не го валоризиравме. Против една од најдобрите европски репрезентации имавме контрола и процентуално многу поголем посед на топка, во текот на целиот натпревар игравме пресинг, создадовме многу шанси за погодок, но за жал не реализиравме за евентуална победа или реми. Од друга страна, примивме лесни погодоци по наши грешки, а кон крајот од пресметката судиите беа тенденциозни, не дозволуваа да бидеме поагресивни во одбраната. Задоволен сум од прикажаната игра, шанса за настап добија сите 12 играчи и се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло и на вториот натпревар, изјави Скендеровски.
Македонската А футсал репрезентација e е гостин на Хрватска во рамките на подготовките за квалификациите за Европското во Србија.