Проект за зголемување на свесноста кај младите за почитување на етничките права

Од:

Здружението на граѓани „Младите можат” од Македонија и Фондација Корона од Романија започнаа со имплементирање на проектот „Лабораторија за меѓусебно разбирање: Искуси кој сум јас!”.

Според Вероника Томова од „Младите можат“, целта на овој проект е зголемување на степенот на свесност кај младите луѓе во Македонија за почитување на етничките права и мобилизрање на локални, национални и меѓународни ресурси.

– Генерална цел на проектот е да го подигне степенот на свестност кај младите во Македонија, за етничките права  на малцинствата и мобилизирање на сите локални и меѓународни организации за таа цел. Со ангажирање на 20 членови на граѓански организации како „Малцински поддржувачи“, ќе биде изработена Стратегија за почитување на малцинските права која ќе биде прифатена од 20 училишта, информираше Томова.

Малцинските поддржувачи низ 20 училишта ќе ја имплементираат кампањата за зголемување на свеста за правата на етничките малцинства на 4.000 ученици а ќе бидат поделени и 4.500 информативни брошури.

mladiteMozat (2)

Се очекува проектот да придонесе и за развивање на услови за вклучување на 100 ученици како „watch dogs“ на права на етничките малцинства преку организација на натпревар „Јас сум дел од Македонија“ отворен за 4.000 ученици.

Проектот вреден 100 илјади евра од кои 90 илјади евра се придонес од Европската унија почна да се имплементира на 22 декември 2013 година, а ќе трае до 21 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование