Полјакот Станислав Ковалски стана најстариот натпреварувач во светот кој успеа да комплетира цела трка.
Ковалски е роден во 1910 година, а на стадионот во врослав влезе во тркачката историја, истрчувајќи 100 метри за 32.79 секунди. Со тоа го урна светскиот рекорд и стана најстариот тркач, кој ја комплетира оваа трка. Пред него рекордот го држеше 96-годишен маж.
– Се чувствувам како нов човек, порача Станислав после трката, кој тврди дека за неговото добро здравје и долг живот заслужно е тоа што никогаш не посетил доктор и што правел се што сакал.
– Планира да се натпреварува на Светското првенство на ветерани оваа година во Торино.