Патоказите за решавање на кризата во Украина на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) доби поддршка од Русија, САД и Европската унија и од Владата во Киев, соопшти Организацијата.
Претседателот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидие Брукхалтер изминатите денови одржа консултации на високо ниво за патоказите со четири страни, потписнички на Женевската спогодба од 17 април и доби позитивен одговор од Украина, Русија, САД и ЕУ, се додава во соопштението.
ОБСЕ напомена дека документот предложен од швајцарското претседателство треба да помогне за излегување од кризата и за намалување на тензиите на Украина.
Патоказите се засноваат на четири начела, откажување од насилството, разоружување, национален дијалог и одржување на претседателските избори на 25 мај.