Програмата на второто издание на интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан што го организира издавачата куќа „Икона“, ќе биде објавена денеска.
За програмата и новините на фестивалот ќе зборуваат директорот Дејан Трајкоски, уметничкиот директор проф. д-р Александар Прокопиев, како и членовите на Уметничкиот совет, проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски.
Според „Икона“, од оваа година на ПРО-ЗА Балкан, заедно со писателите од Балканот ќе биде претставен и писател од Македонија кој ќе го бира селектор, исто така, од редовите на македонските писатели. Годинава селектор е проф. д-р Венко Андоновски.
Фестивалот беше промовиран и првпат се одржа во март минатата година.