Опозициската коалиција предводена од хиндуистчката националистичка Индиска народна партија (БЈП) на Нарендра Моди победи на парламентарните избори ви Индија, покажуваат резултатите од излезните анкети објавени по завршувањето на денешната последната фаза од гласањето.
Според овие резултатите, коалицијата на БЈП остварила сигурна победи и можно е да обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот.
Централната изборна комисија, од своја страна, соопшти дека на овие сложени парламентарни избори, што траеја речиси пет недели, е забележан рекорден одѕив на гласачите.
Од вкупно околу 814 милиони регистриани гласачи, своето избирачко право го оствариле околу 551 милиони, што претставува одѕив од 66,38 отсто.
Конечните резултати од изборите ќе бидат соопштени на 16. мај.