Поранешниот полски претседател, генерал Војчех Јарузелски преживеа мозочен удар, изјави заменик-директорот на Военомедицинскиот институт во Варшава, полковник Гжегож Каде.
Јарузелски во Военомедицинскиот институт се лекува од почетокт на месецот. Тогаш тој беше опериран, но не се соопштени повеќе детали за неговата здравствена состојба.
Јарузелски вчера преживеал удар, по што е преместен на невролошкото одделение на клиниката.
Војчех Јарузелски на 6 јули треба да наполни 91 година.