Кандидатот за претседател на Египет, Ал Сиси планира во наредните две години да ги подобри условите за живот на граѓаните, но и да поднесе оставка, доколку народот го побара тоа.
Абдел Фатах Ал Сиси кој што го предводеше отповикувањето на претседателот Мохамед Морси во интервју за „Скај њуз Арабија “од Обединетите Арапски Емирати изрази загриженост поради лошата безбедност во државата и важноста за борба против тероризмот.
Тој во првиот дел од интервјуто вели дека полицијата мора да добие можност да се бори против ексремистите и да не биде попречувана на протестите. Меѓудругото порача и дека нема да чека армијата да го отповикува, како што се случи со неговиот претходник Морси, доколку народот не биде задоволен.
Ал Сиси во египетската јавност во моментов важи за најголем фаворит за иден шеф на државата, кој што треба да биде изберен на 26 и 27 мај.
Е. Г.