Иран нема да прифати „нуклеарен апартхејд“ и да се откаже од својата нуклеарна програма, но е подготвен за поголема транспарентност, изјави денеска претседателот Хасан Рохани.
Оваа изјава доаќа пред продолжувањето на преговорите за иранската нуклеарна програма во вторник со САД, Франција, Велика Британија, Русија, Кина и Германија.
Техеран одбива да се откаже од правото да поседува нуклеарна програма за мировни цели и да прифати ограничување на програмата за збогатување на ураниум, за што настојуваат американските и француските претставници.