Минатиот месец Алфите привеле 320 лица

Од:

Припадниците на единицата за прв одговор и интервенија – Алфа во текот на минатиот месец при вршење редовна мотопатролна дејност легитимирале 946 лица, извршиле преглед на 184 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 320 лица.

Како што соопшти денеска МВР, по основ на телеграма приведени се 36 лица, по потраги, гласник, наредба од Основен суд 17, под сомнение за извршено кривично дело 42, по извршено кривично дело 20, на лице место затекнати во вршење на кривично дело 16, за издржување казна затвор 8, за утврдување идентитет 10, заради поседување недозволени предмети 5 и странски државјани со нерегулиран престој во Република Македонија 13.

МВР информира дека врз основ на нарушување на јавниот ред и мир приведени се вкупно 48 лица, за поседување опојни дроги 57, со патнички моторни воила приведени се 46 лица, а со мотоцикл без документи едно лице.

Алфите асистирале и во 17 случаи при вршење претрес на дом и други простории, извршиле спровод на 7 лица, а 15 предале на сообраќајна патрола.

Би можело да ве интересира

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он