А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Дојран одбележан Светскиот ден на птиците

by А1он11/05/2014 - 11:58468
Share0

Група средношколци од Дојран заедно со заинтересираното локално население денеска го одбележаа Светскиот ден на птиците преселници преку туристичка прошетка покрај езерото со цел да ги набљудуваат птиците и да научат нешто повеќе за нивното значење.

Добивај вести на вибер

Оваа година темата на светската прослава е „Птиците преселници и туризмот“ која ги истакнува врските меѓу заштитата на птиците преселници и развојот на локалниот еко туризам.

– Дојран е препознаен како клучно подрачје за биолошка разновидност и спектакуларните движења на птиците преселници во иднина можат да привлечат туристи од земјата и странство. Оваа општина има голем потенцијал за развој на еко туризам кој ќе вклучува набљудување и фотографирање на птици, активности што ќе бидат корисни за дивиот свет, локалното население и туристите, изјави Ксенија Путилин, асистент на проектот за едукација и градење капацитети за одржливост на Дојранското езеро.

Прославата на Светскиот ден на птиците преселници во Дојран ја организира македонското еколошко друштво во соработка со општината Дојран.

dojran

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Катерина Ѓуровски03/08/2025 - 13:11

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски15/07/2025 - 16:2415/07/2025 - 20:30

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Горан Наумовски09/07/2025 - 18:52

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски09/07/2025 - 17:5309/07/2025 - 18:01

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

Горан Наумовски09/07/2025 - 16:50

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Горан Наумовски01/05/2025 - 12:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен