Поранешниот светски боксерски шампион и еден од најистакнатите лидери на прозападната украинска опозиција, Виталиј Кличко ги повика Европејците во „знак на политичка поддршка“ на вечерашното финале на „Изборот за песна на Евровизија“ да гласаат за Украина.
– Музиката исто како и спортот ги обединува луѓето. Во овој историски миг за Украина би било од големо значење ако европските гледачи ја поддржат украинската претставничка (на „Евросонгот“), изјави Кличко во интервју за германскиот весник „Билд“.
Во коментар на ваквиот апел на Кличко, „Билд“ се прашува дало е можно „Евросонгот“ да се претвори во „гигантски референдум“ против рускиот претседател Владимир Путин.
На вечерашната финалнана вечер на „Евросонгот“ во Копенхаген, Украина ќе ја претставува Марија Јаремчук со песната „Тик Так“.