ВМРО-ДПМНЕ: Верификувањето на мандатите е согласно Уставот, законите и Деловникот

Од:

Целокупната постапка на верификација на мандатите на пратениците на денешната конститутивна седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија, е во согласност со Уставот, законите и Деловникот на Собранието, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешната изјава на Рената Дескоска од СДСМ.

– Мандатите на пратениците го даваат граѓаните на Македонија, а на Собранието му е уставна обврска тоа да го верификува. Доколку избраните пратеници од СДСМ и нивните коалициони партнери сакаат да си поднесат оставки од пратеничките функции, никој не им пречи тоа да го направат согласно Уставот, законите и Деловникот, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ на рационалност и одговорно однесување.

– Потребно е да престанат да се однесуваат како мали деца, да внесат разум во својата работа и политичко делување и да ја прифатат одговорноста кои сами ја бараа на изборите и ја добија од граѓаните на Република Македонија. Се друго е неодговорно и несериозно однесување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски