Најмалку 17 лица загинаа во северна Индија, кога автобус излета од патот и падна во амбис, соопшти денеска индиската полиција.
Несреќата се случила во една клисура во планинскиот регион Чамоли во индиската сојузна држава Утараканд, кога автобусот од засега непознати причини излетал од парот и пропаднал во амбис длабок 300 метри.
Според полицијата, 15 лица загинале на самото место на несреќата, а уште две подоцна в болница им подлегнале на здобиените повреди. Заедно со овие две жртви, во болницата биле хоспитализирани уште петмина други повредени патници од автобусот.