Познатиот Гил Аниџар вечерва со предавање во Скопје

Од:

Познатиот профеор Гил Аниџар, вечерва, со почеток во 19 часот во клубот ГЕМ, ќе одржи предавање со наслов “Раса, нација, религија”. На предавањето ќе претходи промотивен говор на проф. Софија Грандаковска за делото на Аниџар. Настанот е дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ.

Куратор на програмата на симпозиумот е Јане Чаловски. “Раса, нација, религија” – три термини кои ги дефинираат колективите на начини кои се истовремено и необично компатибилни и некомпатибилни, прифатливи или неприфатливи, историски и аисториски, релевантни и ирелевантни. Не толку одамна, Балибар (Balibar) и Валерстеин (Wallerstein) зборуваа за “Расата, нацијата и класата“ – и интеракцијата меѓу нив. По пат на генеологија на видовите, и со помош на теоријата на Фројд (Freud), проф. Гил Аниџар ќе се фокусира на наведените разлики меѓу трите термини, она што тие го споделуваат и она што го прикриваат.

Кажано поинаку, тој ќе ја преиспита древноста на религијата, изумувањето на нацијата и создавањето на расата. Предавањето ќе биде придружено со дискусија со публиката.

Кураторски размени е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ се одржува во периодот од 7 до 9 мај и е подготвен со намера да се осврне на прашањето за тоа како теолошки, политички и економски изведениот дискурс денес, може да курира општествено критички концепт, или, на кој начин дискурсот произведен од државата, теологијата и политиката се вклопува во денешниот културен контекст.

Освен предавањето на проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) програмата вклучи и предавање од проф. Софија Грандаковска, изложба на уметницата Христина Иваноска и разговор помеѓу авторката и културниот теоретичар Искра Гешоска. Гил Аниџар предава на Катедрата за религија и на Катедрата за студии по Среден Исток, Јужна Азија и Африка на Универзитетот Колумбија (САД).

Тој е автор на „Нашето место во Андалузија: Кабала, философија, книжевност во арапско-еврејските писма [2002]; „Евреинот, Арапинот: историја на непри-јателот“ [2003], „Семити: раса, религија, литература“ [2008] и „Крв: Критика на христијанството“ [2014]. Во моментов е гостувачки професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ