Рускиот претседател Владимир Путин учестуваше во хуманитарната акција „Надежен лет“ чија цел е спасување на загрозените сибирски жерави , од кои денеска останаа уште 3.000.
Путин го посети резерватот во Јамал во Сибир, а младите жерави во резерватот активистите ги учеа на летање на отворено небо , подготвувајќи ги за зимската миграција во средна Азија.
Путин ја презеде улогата на пилот на моторниот змеј со помош на активистите во резерватат за да ги натера жеравите да полетаат. Пилотите се облекуваат во бело, а птиците го следат змејот мислејќи дека се работи за водач на јатото.
Рускиот претседател полета три пати со змејот, еднаш пробно и два пати со жеравите.
Ова не му е прв пат на Путин да го привлекува вниманието на активистите за заштита на животните. Еднаш погоди сибирски тигар со стрела за успивање и му стави уред за следење, а пред две години погоди кит со стрела во која имаше уред за следење.