Промовирана книга раскази „Молчаливи хоризонти“ од бугарскиот автор Георги Балабанов

Од:

Во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга денеска беше промовирана книгата раскази „Молчаливи хоризонти“ од бугарскиот автор Георги Балабанов.
Тој е член на Сојузот на независните бугарски писатели и е автор на пет книги.

Промоцијата на „Молчаливи хоризонти“ ја организираа Здружението „Бран“ и ревијата „Бранувања“ од Струга, во рамки на програмата за меѓународна соработка.

– Во оваа книга, во секој ред на расказите зачукува и пулсира нашата совест.

Толку е разнолика и толку ни е блиска. Совест, што ја става на вага димензијата на нашите дела. Мислам дека секој читател ќе ги пронајде своите хоризонти на соништата, патувајќи кон светлината со магијата на говорот, истакна Балабанов.

Промоторот и рецензент Петко Шипинкароски рече дека „Молчаливи хоризонти“ има 22 раскази и исто толку судбини раскажани со јасни и течни реченици.

– Авторот ја започнува книгата со расказот „Гајдаџијата“, а ја завршува со расказот „Селидбата“. Би рекле, животна драма што е толку присутна на овие балкански простори. Со мошне јасен и едноставен говор, со уметничко развлечување и локација, Балабанов ја дава голготата на луѓето, истакна писателот Шипинкароски.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ