Македонија осма на Светски куп во стрелаштво за инвалиди

Од:

Македонската златната параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои осмото место на Светски куп во стрелаштво за лица со инвалидност кое се одржува во Шќеќин, Полска од 7 до 11 мај. Нејзиниот тренер Бранимир Јовановски, кој исто така ќе настапи како стрелец во дисциплината воздушен пиштол мажи ќе се обиде да освои норма за учество на Светското првнство кое ќе се одржи од 17 до 27 јули Сул, Германија.

Наковска-Бикова во досциплината воздушен пиштол во квалификациите го оправда своето високо реноме и после првите 3 серии, просечниот резултат беше над светскиот рекорд. Во последната серија не беше доволно сконцентрирана и квалификациите ги заврши со 378 кругови (3 помалку од нејзиниот светски рекорд) а 5 кругови повеќе од второпласираната конкурентка од Иран.

Согласно новите правила кои важат од минатата година, сите осум финалисти стартуваат од 0 и предноста која Оливера ја имаше по квалификациите веќе не беше важна. При најавата на финалистите Оливера како актуелен параолимписки шампион беше дочекана со овации од публиката и нејзините колеги – стрелци.

Првото место го освои Сарех Јаванмардидодмани од Иран со резултат од 194,5 кругови, второто Алиех Махмоудикордкхеили исто така од Иран со 186,0 кругови, а третото Аѕсел Озган од Турција со резултат од 166,7 кругови.

– Навистина штета, бидејќи Оливера е во исклучително добра форма, што го покажува и резултатот од квалификациите, меѓутоа не успеа да собере доволно ментална сила за да ја надмине кризата во која влезе на почетокот на финалето. Ова е уште едно искуство, за жал негативно, кое во понатамошниот тренажен процес ќе се обидеме да го надминеме. За жал Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет не доби доволно средства за учество на меѓународни првенства. Заради тоа на овој натпревар не настапија Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (кои веќе имаат норми за светско првенство). Без учество на поголем број натпревари, не може да се очекува битно подобрување на менталната кондиција и надминување на психолошките бариери, информираше преку соопштение тренерот Јовановски.

Утре во 11 часот настапува Бранимир Јовановски во дисциплината воздушен пиштол мажи. Со резултат од минимум 540 кругови ќе обезбеди сигурно учество на Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ