Десет активни пожари низ Македонија

Од:
До десет часот, во Македонија има 10 активни пожари, во општините Студеничани, општина Куманово, Желино , Македонски Брод, Јегуновце, Тетово и во општина Новаци.
Локализиран е пожарот во Општина Гевгелија меѓу селата Коњско и Серменин.

Ликвидирани се пожарите во Општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово, во Општина Долнени кај селото Небрегово како и кај селото Костинци кон село Црнилиште, како и пожарот во Општина Петровец кај селото Катланово.

Пожарот во Општина Студеничани кај селото Рамни Габер, повторно се разгоре, а со него е зафатена ниско стеблеста шума. На местото на пожарот се лица од ЈП „Македонски шуми”.

Пожар има во Општина Куманово кај селата Орашец, Скачковце и селото Колитско, со кој е зафатена ниско стеблеста шума. Ангажирани се 10 лица од ЈП „Македонски шуми”. Пожарот е активен на делот кон селото Орашец.

Пожарот кој се појави на 20 август кај НП „Јасен” кон селото Брезница и општина Македонски Брод е активен. Зафатена е површина од 5000 хектари мешана шума.

Ангажирани се 50 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, петмина пожарникари со две противпожарни возила, еден вод со две цистерни од АРМ и 20 лица од јавните претпријатија.

Пожарот во Општина Желино кај селото Ларце е под контрола. Зафатена е ниско стеблеста шума и сува трева.

Активен е пожарот во Општина Македонски Брод кај селото Волче на место викано Црквица во подножјето на Сува Гора. Со истиот е зафатена површина од 20 хектари деградирана шума, ниско стеблеста шума и сува трева. На местото на пожарот ангажирани се петмина од ЈП „Македонски шуми”.

Пожарот во Општина Јегуновце на планина Љуботен е активен. Зафатена е ниско стеблеста шума и сува трева на потег помеѓу селата Јажинце и селото Рогачево.

Исто, така, активен е и пожарот во Општина Јегуновце кај селото Вратница кон Беловиште со кој е зафатена високо стеблеста шума, костен и бука на напристапен терен. Противпожарен авион на Дирекцијата за заштита и спасување е ангажиран за гасење на пожарот.

Пожарот во Општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце е активен, а зафатена е букова шума и пасишта.

Пожарот во Општина Новаци помеѓу селата Добровени и Совиќ на место викано Крстот е под контрола. Со пожарот е зафатена површина од 2500 хектари борова и деградирана шума на непристапен терен. За гасење на пожарот ангажирани се седуммина од ЈП „Македонски шуми”.

Пожарот во Општина Македонски Брод на планина Добра вода на тромеѓе со општина Гостивар и Општина Кичево се уште гори, а го има зафатено врвот на планината при што е зафатена сува трева и пасишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено