Според процената на шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ, земјата ќе стане дел од ЕУ до крајот на деценијата или до 2021 година, јави Танјуг.
Лукшиќ, меѓутоа, порачува дека јавноста не би требало да се оптоварува со датумите. Тој потсети дека Црна Гора досега отворила девет преговарачки поглавја, од кои две привремено затворила.
Тој очекува во почетокот на јуни, на Меѓувладината конференција во Брисел, да бидат отворени уште некои поглавја во пристапните преговори.
– И така, секој квартал еден број поглавја, и мислам до крајот на 2015 или почетокот на 2016, можеме да сметаме на сите отворени поглавја и исполнување на обврските, за тие потоа да бидат затворени, рече Лукшиќ.
Таквата динамика, како што процени, занчи дека Црна Гора би можела до крајот на деценијата, значи во 2020 или 2021, да дојде до полноправно членство.