Тринаесет лица загинаа во судир меѓу воз и џип во Индија

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а три други се повредени во несреќа што се случи денеска во северната индиска држава Утар Прадеш, кога воз удри во џип на железнички премин, соопштија индиските власти.

Судијата Џаи Чанд Пандеј изјави дека несреќата се случила разно изутрината кога жртвите се враќале од свадбена веселба од градот Горакпур, 740 километри источно од Њу Делхи.

Пандеј истакна дека три лица се хоспитализирани и оти едно од нив е во критична состојба.

Железничките несреќи се честа појава во Индија, земја во која се наоѓа една од најдолгите железнички мрежи во светот, која опслужува околу 20 милиони луѓе дневно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати