Врвниот ансамбл „УКЛА Чарлс Мингус“ од САД гостува во Скопје

Од:

Утре вечер во Младинскиот културен центар гостува врвниот џез-состав од САД, „UCLA Charles Mingus Ensemble“ кој ќе одржи концерт кој ќе биде дел од неговата јужноисточна европска турнеја.

Под диригентство на реномираниот композитор, диригент и флејтист Џејмс Њутон, ансамблот утре ќе настапи во киното „Фросина“, со почеток во 21 часот.

Ансамблот „Чарлс Мингус“ го сочинуваат музичари кои се сметаат за едни од најталентираните млади џезери на американската сцена.

Тие работат со влијателниот Џејмс Њутн, кој е и нивна инспирација во творештвото, и ќе покажат како звучи новата генерација џез-музичари. Инаку, Њутн во Македонија за првпат гостуваше во 1990 година, кога настапи со неговиот квинтет на Скопскиот џез-фестивал.

Организатор на овие настани е американскиот џез-музичар, саксофонистот Дејв Вилсон, кој веќе десетина години престојува во Македонија и придонесува за развој на џез-сцената овде. Тој вели дека младите музичари од „Чарлс Мингус“ ќе покажат дека џезерската традиција е се уште жива, но дека има и светла иднина.

10322956_10203894977510045_104567196_n

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање