Уредникот и основач на форумот „Слободни саудиски либерали“, во Саудиска Арабија е осуден на десет години затвор и 1.000 удари со камшик, поради тоа што на порталот се дискутирало за улогата на религијата во државата.
Раиф Бадави најпрвин беше осуден на седум години затворска казна и 600 удари со камшик, но апелацискиот суд ја отфрли пресудата и наложи ново судење.
Освен затворската и телесна казна, тој мора да плати и околу 266.000 долари, пренесе „Срна“.
Неговите адвокати велат дека казната е премногу сурова, додека обвинителот барал уште построга. Бадави е уапсен во јуни 2012 година, под обвинение за сајбер напад и непослушност кон татко си, што во Саудиска Арабија претставува кривично дело.
Е. Г.