„Песочен часовник“ од Данило Киш во издание на „Блесок“

Од:

Издавачот „Блесок“ го објави романот „Песочен часовник“ на Данило Киш, како четириесетти наслов во едицијата с.р. (современ роман / своерачно), а и како електронска книга. Објавен е со поддршка на Програмата за култура на ЕУ, во превод од српски на Катица Гароска-Ацевска.

– „Песочен часовник“ е роман за траумата на холокаустот, се смета за ремек-дело на Данило Киш. Во овој роман се среќаваат истите ликови и епизоди како во останатите две дела од трилогијата за еврејското семејство Сам (Бавча и пепел, Рани јадови), но овој пат фокусот е на ликот на таткото. Во шеесет и седум фрагменти поделени во поглавја чии наслови се повторуваат (Слики од патување, Белешки на еден лудак, Истражна постапка и Испитување на сведокот) евоциран е животот на Е.С. без некакво временско растојание. Неговите размислувања, сеќавања и сништа прикажани се во нивниот жив тек.  „Песочен часовник“ е роман со извонредна реконструктивна сила во кој низ судбината на таткото на семејството се пресликува логорската историја на 20 век, соопшти издавачот.

Данило Киш (1935-1989) е поет, раскажувач, драмски писател и преведувач, кого Милан Кундера го нарекол величествен, а Салман Ружди го вброил меѓу десетте најголеми европски романописци. Преведуван е на многу светски јазици и добитник на многубројни меѓународни признанија и награди. За романот „Песочен часовник“, објавен во 1972 година, ја добил НИН-овата награда која неколку години подоцна ја вратил.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска