Шпанската полиција заплени на пристаништето во Алхесирас 2,5 тони кокаин, скриен во контејнер со ананаси со потекло од Коста Рика.
Пратката е една од најголемите запленети досега на европско пристаниште.
Кокаинот бил поделен во 2.296 пакети, скриени меѓу овошјето. Полицијата од 2012 година набљудувала лица со наводна врска со шверц на наркотици.
Групата дејствувала под прикритие на компанија за увоз на овошје во Шпанија од различни земји во светот. Во предградие на Мадрид, каде била регистрирана компанијата, се уапсени шест лица.