(ВИДЕО) МВР: Ставриќ побарал и примил поткуп од 2.000 евра за да „среди“ инвалидска пензија

Од:

Вчера уапсениот очен хирирг Дејан Ставриќ е обвинет за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, бидејќи при медицински преглед на Клиниката за очни болести – Скопје дијагностицирал болест на очите кај еден пациент, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и дека за 2.000 евра може да му среди инвалидска пензија, пишува на сајтот на МВР.

– Откако парите за противзаконско посредување му биле побарани на пациентот, кривично правниот настан во месец aприл е пријавен во МВР, за што е сочинет Записник за примање на пријава, а веднаш е известен и надлежен ЈО и превземани се потребните мерки и активности за обезбедување на докази и документирање на кривичното дело – се вели во соопштението.

Како што наведува МВР, на 5-ти мај е остварен телефонски контакт оштетениот граѓанин и Ставриќ, при што било договерено истите да се сретнат наредниот ден во угостителски објект во Скопје кај меѓународната автобуска станица каде парите требало да бидат предадени, за извршување на службените дејствија и посредување во правото за остварување на инвалидска пензија.

– Откако средбата е остварена на 06.05.2014 година, осомничениот ги примил претходно криминалистичко-технички обработените пари во износ од 2000 евра и по претходно превземени оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, истиот е лишен од слобода и приведен е во полициска станица. При личниот претрес кој бил извршен парите се пронајдени, а исто така пронајдена е и друга медицинска документација, за која треба дополнително да се утврди дали е поврзана со други постапки за стекнување на право за користење на пензии. Од страна на Одделот за организиран криминал – Сектор за корупција, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава – се вели во написот на МВР.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски