Парламентарните избори во Индија влегоа денеска во претпоследната фаза, во која главното внимание е насочено кон изборната единица на лидерот на владејачкиот Индиски национален конгрес, Раул Ганди.
Ганди е соочен со тешка изборна битка во местото Амети во државата Утар Прадеш. Сепак, се очекува тој да победи и да го зачува пратеничкото место, бидејќи Амети со децении важи за упориште на семејството Ганди.
Гласањето во денешната фаза вклучува гласање и во државите Бихар, Западен Бенгал, Утараханд, Химачал Прадеш, Андра Прадеш и Џаму и Кашмир.
Главната битка на изборите, кои се одржуваат од 7 април до 12 мај, е меѓу Индискиот национален конгрес и хиндуистичката националистичка Индиска народна партија (БЈП).
Објавувањето на конечните резултати се очекува на 16. мај.