Прв пат по осум последователни години, Роџер Федерер нема да игра барем во полуфиналето на US Open.
Подобар од него во четвртфиналето беше чешкиот тенисер Томаш Бердих со 7:6 (7-1), 6:4, 3:6, 6:4.
Федерер играше исклучително лошо за своите стандарди, особено во првите два сета. Мечот траеше два часа и 46 минути. Бердих имаше 30 винери и 21 неизнудена грашка, а Федерер имаше 44 директни поени и 40 грешки.
Ова беше петта победа на Бердих против Федерер, од вкупно 16 дуели. Во полуфиналето ќе игра против Енди Мареј.