Во Центарот за обука на кадри во Идризово денеска со низа пригодни манифестации ќе се одбележи „7-ми Мај“, денот на македонската полицијана. Пред присутните гости и претставници на медиумите свое обраќање ќе има министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Во рамки на денот на полицијата ќе биде положено цвеќе пред споменикот на паднатите припадници на МВР, како и низа други манифестации: крводарителни акции, посета на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, домот за донечиња и мали деца во Битола.