Романското Министерство за одбрана ја заврши проверката на резервистите

Од:

Романското Министерство за одбрана ја заврши проверката на резервистите, кои можат да бидат повикани за служба во армијата во случај на влошување на ситуацијата во Украина, изјави денеска романскиот претседател Трајан Басеску.

– Засега не станува збор за мобилизација, но беше неопходно да биде извршена детална проверка на офицерите и војниците од резервниот состав, рече Басеску.

Романската Влада соопшти дека во скоро време романските специјални служби ќе и претстават раководството на земјата анализа за ситуацијата во Украина, врз основа на што Врховниот совет за национална безбедност на Романија ќе разработи стратегија за понатамошни чекори за укажување поддршка како на Киев, така и на Молдавија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски