Австрија: Данок на финансиски трансакции од 2016

Од:

Австрискиот министер за финансии Михаел Шпинделегер изјави денеска дека 11 членки на ЕУ договориле од 2016 година да воведат данок за финансиски трансакции.

Шпинделегер порача дека државите сега не работат на надминување на практичните пречки за законот за данок да може да биде финализиран до крајот на годината.

Група земји, вклучувајќи ја Германија, Франција и Италија, ќе известат за одлуката на 17 земји на ЕУ кои не учествуваат во планот за оданочување на денешниот состанок на министрите за финансии во Брисел.

Европски претставници почнаа да апелираат на воведување данок на финансиски трансакции по финансиската криза од 2008-2009, за да ги ограничат шпекулациите и да ги зголемат приходите откако државите воведоа големи средства во спас на банките.

Опсегот на даноците нема да биде широк како што првично се очекуваше и првенствено ќе се фокусира на акции и финансиски деривати. ЕУ прогнозира дека поширок данок би можел годишно да донесе приходи од околу 30 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник