Тениската репрезентација на Македонија утре во Сегедин (Унгарија) ги почнува натпреварите од Дејвис купот – Трета Европска зона, а противници во Б-групата им се селекциите на Малта и на Албанија.
Првопласираната селекција од групата ќе продолжи и во полуфиналето ќе игра против победникот во групата Ц. Во оваа група играат: Естонија (носител), Турција и Сан Марино.
Во групата А играат: Унгарија (домаќин – носител), Ерменија и Лихтенштајн.
Во групата Д ќе играат: Грузија, Црна Гора и Исланд.
Победниците од овие две групи ќе играат во второто полуфинале во сабота.
Почетокот на натпреварите е утре во 11 часот. Македонија игра со Малта.