Властите во Молдавија синоќа соопштија дека на границите вовеле вонредна состојба, поради насилството во соседна Украина.
Највисоките официјални лица во државата тој потег го претставија во заедничко соопштение, откако украинската војска ја ангажира елитната единица во црноморскиот пристанишен град Одеса.
Претседателот на Молдавија, Николае Тимофти, премиерот Јурие Леанка и претседателот на парламентот, Игор Корман во соопштението наведуваат дека на безбедносните сили им е наредено да „ги преземат сите потребни мерки со цел да обезбедат јавен ред во државата“.
Во соопштението кое што е издадено по разговорот зад затворени врати помеѓу тројцата функционери, не е именувана никаква закана за Молдавија.
Во делот на Молдавија, во сепаратистичката република Придњестровље се стационирани околу 1.500 руски војници, а Придњестровље неодамна бараше и обединување со Русија.
Е. Г.