Aл Сиси: Муслиманското братство нема да постои

Од:

Поранешниот началник на Генералштабот на египетските Вооружени сили, фелдмаршалот Абдул Фатах ал Сиси, кој ја напушти армијата за да се кандидира на изборите за претседател на Египет, изјави дека доколку победи исламиситчкото движење Муслиманско братство „повеќе нема да постои“.

Претседателските избори во Египет ќе се одржат на 26 и 27 мај, десет месеци по смената од функцијата на исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Нему и на поголема група функционери на Муслиманското братсво, сега им се суди за потикнување на насилството во земјата и за убиства.

Во јули минатата година, египетската армија, предводена од Ал Сиси го смени Морси, по повеќе неделните масовни протести ширум Египет на противниците на забрзаната исламизација на земјата, која ја наметнаа новиот претседател и неговата исламистичка партија, што се закануваше да предизвика судири меѓу исламистите и секуларистите.

Фелдмарашал Ал Сиси важи за речиси сигурен побединик на изборите поради големата популарноста што ја ужива кај гласачите како „спасител на Египет“.

Во првото интервју за каирска течевизија како претседателски кандидат, тој откри дека безбедносните власти, досега, откриле два заговори за атентат врз него.

Уште кога ја објави својата намера воената униформа да ја замени за политиката, Ал Сиси рече дека тероризмот на исламистите е најголемата закана за Египет.

Од јули минатата година исламистичките екстремисти, подржувачи на Братството и на Морси, извршија серија терористички напади, главно во Каиро и на полуостровот Синај, при што цел на нападите се армиските и безбедносните сили.

Во телевизиското интервју, Ал Сиси ги отфрли обвинувањата дека имал политички намери и амбиции, кога се одлучил за тргање од власта на тогашниот претседател Морси. Тој тврди дека таквото решение било донесено само во интерес на државата и за, како што вели, спас на Египет.

Доколку победи на изборите, Ал Сиси ќе биде уште еден висок египетски офицер кој станал политичар и застанал на чело на државата.

Тоа почна во првата половина на 50-те години на 20 век, кога група млади египетски офицери предводени од Гамал Абдел Насер го соборија кралот Фарук. По Насер, други двајца генерали, Анвар ал Садат и Хосни Мубарак станаа претседатели. Таа низа од војници-политичари во изминатите децении ја прекина само Мохамед Морси, кој една година беше претседател, без да има војнички чин.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро