Концерт по повод Светскиот ден на хармониката

Од:

Здружанието „Љубители на класичната музика” од Скопје вечер на малата сцена во Македонскиот народен театар организира концерт по повод Светскиот ден на хармониката.

Ќе настапат ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска, добитници на голем број награди на државни и меѓународни натпревари по музика.  На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Вивалди, Дербенко, Илиевска-Бете, Пјацола, Семјонов…

Здружанието „Љубители на класичната музика” членува во Светската унија на хармоникашите, која во 2009 година одлучи 6 мај да го прогласи за Светски ден на хармониката, зашто на тој датум  во 1829 година е патентирана првата хармоника.

Македонското здружение шеста година со организирање концерти се  придружува на светското одбележување на хармониката.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска